ВИДЕО: Трагедија во Гостивар – девојка се удави во Вардар, се трага по човек кој се обидел да ја спаси

Од:

Телото на девојка која вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар, е пронајдено рано утринава, додека сè уште се трага по човек кој според информациите скокнал во реката и се обидел да ја спаси девојката, но не успеал, јавува локалната телевизија Глоби.

Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив. Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ, помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата во градот.

Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и и тој бил повлечен од брзаците на реката. Набргу потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на брзата помош, полиција и пожарникари.

„Околу 1:30 часот бев на мостот во селото Форино каде со вознемирените жители го очекував исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата, кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле,“ пишува новинарот Зоран Гега Маџоски на Фејсбук.

Околу 4:30 часот е објавено дека кај селото Старо Чајле е лоцирано телото на женско лице, објави телевизијата Глоби.

Идентитетот на лицата засега е непознат, а до доцна во ноќта немало официјални информации околу тоа под какви околности започнала драмата, пишува Маџоски.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко