Борел: ЕУ ќе му даде шанса на дијалогот со Турција, потребни се поздрави односи

Од:

ЕУ сака да најде начин за поздрави односи со Турција и за таа цел мора да работиме на зачувување на просторот за дијалог, но и на силно застапување на интересите, порача шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

По неформалниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Берлин, тој истакна дека ЕУ е јасна кога станува збор за одбрана на сопствените интереси и солидарност со Грција и Кипар во спорот со Турција.

– Турција мора да се воздржи од еднострано дејствување, што е основен елемент неопходен за продолжување на нашиот дијалог, рече Борел.

Според него, ЕУ ќе се потруди да даде шанса за дијалог и тој лично ќе создаде простор за преговори за сите отворени прашања што произлегуваат од „тешките и комплексни односи меѓу ЕУ и Турција.

– Во исто време, јасно е дека расте фрустрацијата поради турското однесување. Советот на ЕУ затоа покажа политички консензус за забрзување на работата за проширување на списокот на оние кои се одговорни за нелегалното дупчење во Источен Медитеран, рече Борел.

Тој најави дека ЕУ, доколку нема напредок во разговорите со Турција, ќе разгледа дополнителни рестриктивни мерки против Анкара во септември.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите