Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР) денеска, првпат во историјата на постоењето на Советот, усвои резолуциија за правата на слободата на изразување на интернет и ги повика сите држави да го поддржат и заштитат тоа право на секој поединец.
„Оваа е важен резултат за Советот за човекови права на ОН. Тоа е прва резолуција на ОН која потврдува дека човековите права на интернет мора да бидат заштитени и промовирани во иста мерка како и посветеноста на човековите права во реалниот свет“, изјави американскиот амбасадор во УНХЦР, Ајлин Чемберлен Данахое.
Резолуцијата ја поддржаа 85 држави, кои не се членки на ИНХЦР, од кои 30 држави се членки на Советот.