Здраво Млади по 10 пат – слободна зона во специјални услови

Од:

Јубилејното 10-то издание на фестивалот на нова музика – ЗДРАВО МЛАДИ се заокружи во раните утрински часови.

Покрај домашните Funk Shui и PMG Kolektiv, настапија и неколку интерционални артисти меѓукои: Efterklang од Данска, Lalalar од Турција и DJ FITZ од Ирска. Програмата течеше беспрекорно, запазувајќи ги сите мерки, а и целиот процес се олесни со големиот простор кој го нуди паркот на МКЦ.

Ова специјално издание во специјални услови ја понуди и изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“ на Сали Ертунч која од понеделник (31 август) може да се посети во Галеријата на МКЦ – Скопје.

Тимот на Здраво Млади понуди слободно танцување на безбедна дистанца, а верната публика испорача и се поврза со квалитетниот звук што го нудеше овогодишната скромна музичка програма.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје