Во координиран напад на исламистичката група Боко Харам на градот Бама, ослободени се над 100 затвореници и убиени се 55 лица, пренесоа британските медиуми.
Приближно 200 тешко вооружени членови на Боко Харам, со автобуси и пикапи, пристигнале во североисточниот град Бама и прво координирано ги нападнале касарните и полициската станица, пред да упаднат во градскиот затвор, посочи портпаролот на армијата.
Загинале 22 полицајци, 14 чувари во затворот, двајца војници и четворица цивили, како и 13 напаѓачи.
Вооружените напаѓачи ослободиле 105 затвореници.