Брнабиќ: Новата Влада ќе одлучи кој ќе биде новиот стопан на куќата во која живееше Јованка Броз

Од:

На новинарското прашање дали куќата на Јованка Броз по реновирањето ќе биде новата резиденција на српскиот Премиер, претседателката на српската влада Ана Брнабиќ изјави дека за тоа треба да одлучи новиот владин кабинет.

Брнабиќ појасни дека куќата во која долг период живееше покојната сопруга на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, не е во нејзина лична сопственост и укажа дека самото уредување на куќата од страна на државата презентира одредена сериозност.

„Во сериозна држава како што јас мислам дека сме од 2014 година, куќата се чува и не е дозволено да пропадне. Таа е една од низата куќи во кои финансиски инвестираме за да не бидат исмејувани“, изјави српската премиерка.

На прашањето дали таа ќе биде новиот премиер на Србија, Брнабиќ повтори дека тоа прашање не е за нејзе и дека предлагањето мандатар за идната влада е уставна надлежност на претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија