Нови образовни асистенти во општина Карпош

Од:

Советниците на Општина Карпош на денешната седница изгласаа одлука за согласност да се потпише договор за реализација на проектот „Карпош за еднаквите во училиштата 2020/2021 година“.

Договорот е помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Карпош за имплементација на активности, со тоа што УНДП обезбедува поддршка во рамки на проектот „Креирање можности за работа на сите – IV“.

-Преку одлуката се овозможува ангажирање образовни и лични асистенти за учениците со попреченост кои ја следат редовната настава во општинските основни училишта во Карпош. Локалната самоуправа ќе кофинансира 20 образовни асистенти во износ од 20 отсто од месечниот надомест, соопшти Општина Карпош.

На седницата, како што соопшти Општината, изгласана е и одлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од 3 до 6 година. Одобрен е и годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ „Братство“ и се усвоени годишните програми за работа на десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош за 2020/2021 година.

Советниците ја одобрија и одлуката за примање донација од друштвото за трговија „Гранап ГНП ДООЕЛ-Скопје“- за изградба на крак, дел од фекална канализација пред објект ГП 1.72 преку улица „Будимпештанска“ до улица „Московска“.

Би можело да ве интересира

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае