Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата Фејсбук-страница пишува дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, со кои се забранува сушењето алишта во дворните места на територија на општината кои имаат поглед на улица или на плоштад.
„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија,“ вели Наумовски во коментар под објавата.
Веста од Ѓорче предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а дел од граѓаните му замеруваат на градоначалникот дека се занимава со неважни работи, додека во општината има многу поголеми комунални и други проблеми.