Град Скопје со три опции за Универзална: реизградба на истата, целосно нова сала или и двете заедно

Од:

Претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот и архитектурата, како и претставници на организатори на фестивали и културни манифестации денеска разговараа за
моменталната состојба во која се наоѓа Универзалната сала, за нејзината иднина и за потребите на фелата и на публиката. На трибината што се одржа во просториите на МКЦ, а во организација на Град Скопје, присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов, кој ги слушна идеите и мислењата на присутните.

Модераторот на трибината, советникот во Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски, на почетокот предочи дека од Градот Скопје се разгледуваат три опции во врска со Универзалната сала – постојната сала да се реизгради на истото
место; да се изгради нова сала на нова локација, или, во исто време и да се обнови стариот објект и да се гради нова сала.

„Немам цврст став која од трите понудени опции е најдобра. Но, ова е одлична прилика да се слушне ставот на луѓето што ќе ја користат, за да одговориме на прашањето – што точно ни треба – рече Русе Арсов, директорот на МКЦ.

За Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата, понудената визија на градоначалникот да се зборува за нова локација и нов функционален простор е смела и треба да се поддржи. Креирањето на андидатурата за Европска престолнина на културата 2028, рече тој, ќе го стави Скопје во еден нов антипод на културната политика која е во склад со европските и светските политики.

„Универзалната сала е симбол на солидарноста каква што е сега, но дали на културната јавност и е потребен таков објект – сигурно не. Во градот под итно треба да се смени мислењето за просторот, ние со оваа Универзална сала која е руинирана, ги едуцираме нашите деца на лоша урбана култура. Овој објект не смее да остане долго ваков, зашто Универзалната сала за нас архитектите и за македонската архитектура значење нема – посочи Мартин Пановски, од
Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Мирко Попов од ПМГ Колектив рече дека сегашната Универзална сала е објект–ругло на градот, дека треба да се урне и да се изгради нов објект според најновите стандарди за организирање културни настани.

„Две години сум директор на нефункционален објект. На Скопје му фали Универзална сала, но повеќе му фали концертна сала. Мојата идеја е што побрзо да ја реставрираме Универзалната сала, но и да изградиме нова сала за концерти
– рече Филип Аврамчев,“ директорот на Универзална сала.

Архитектот Ангел Ситновски е на ставот дека граѓаните треба да одлучат дали да се реконструира постојната сала и дали да се гради сала на друго место, архитектите треба да понудат решенија, а Градот да обезбеди финансиски
средства.

„Сум организирал најмногу настани во Универзалната сала. Уште од `90-те години апелирам да се реши проблемот со „лименката“ и да се реши недостигот од летна сцена во Скопје. На Скопје му треба концертна сала со овој капацитет и тоа што побрзо. Тоа треба да го оставиме на стручната екипа во Градот, да одлучат дали има адекватен проект за сала на тоа место – рече Оливер Белопета, од Скопскиот џез фестивал.

На јавната трибина организирана од Град Скопје реагираше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градското Собрание, според која Петре Шилегов денес организирал „фингирана јавна расправа поврзана со Универзална сала“.

„Поголемиот дел од учесниците беа луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт. Дотолку повеќе што на изрежираната јавна дебата беше практично монолог без спротивставени и различни мислења.
Неговиот став е променлив, од ставот “Универзална сала не ја даваме”, до тоа неговата идеја е да е нова сала во Градскиот парк. Практично идејата на градскиот татко Шилегов е да гради концертна сала во срцето на градскиот парк со што дополнително ќе се уништи и зафати тој простор. И кога има вакви фикс идеи помалку штета за Шилегов е да не кажува ништо за градските работи,“ велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин

Љутков: Ќе се повтори постапката околу преземањето на Универзална сала во Скопјe

Горан Наумовски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

A1on

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

A1on