Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

Од:

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова побара од спикерот Талат Џафери да биде неутрален, бидејќи според неа тој премногу коментирал.

Силјановска во својот говор рече дека пратеникот Бесими ја дал оставката од пратеничкото место единствено поради тоа што Државната комисија за антикорупција го наложила тоа, а не затоа што тој самиот сакал.

„Срамота е во време на корона криза, ние остануваме на петорица потпретседатели. Очекував да ги намалите на двајца“, рече Силјановска.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се тргне втората точка од денешниот дневен ред.

Според него, новите потпретсетатели служат да се задоволат коалиционите апетити.

„Ќе се доведеме во ситуација кога во полна собраниска сала ќе се довикне потпретседател, ќе се свртат пола од присутните“, рече Мицевски.

Предлогот на Мицевски беше ставен на гласање, а пратениците со 37 гласа „За“ и 61 „против“ одлучија да не го прифатат неговиот предлог.

Пратениците го прифатија дневниот ред со 69 гласа „За“ и 38 гласа „Против“.

Собранието на денешната седница го верификуваше мандатот на пратеникот Бедри Фазли кој доаѓа на местото на Бесими.

На денешниот дневен ред во Собранието останува уште утврдувањето на бројот на собраниските потпретседатели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште