Ќучук: Местото на опозицијата е во Парламентот

Од:

Изборите на 15 јули иако се одвиваа во тешка состојба, состојба на пандемија беа фер, а граѓаните го искористија своето политичко право да одлучат кој ќе ја води земјата во овој сложен период со кој се соочува Северна Македонија, изјави во интервју за „Коха“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Илхан Ќучук.

Ставајќи посебен акцент на предупредувањата на албанската опозиција за бојкотот на институциите за кои се очекува да ги водат СДСМ-БЕСА-ДУИ, тој вели дека местото на опозицијата е во парламентот.

-Верувам дека во Република Северна Македонија се одржаа фер и легитимни избори во исклучително тешка ситуација на глобална пандемија. Граѓаните на земјата го искористија своето политичко право да одлучат кој ќе ја води Северна Македонија низ основните фази на сложени преговори за пристапување во ЕУ , изјави известувачот на ЕП Ќучук, при тоа навраќајќи се на улогата на бугарската опозиција во времето кога официјална Софија стана дел од ЕУ.

Нагласи дека од личното искуство во Бугарија во текот на овој процес опозицијата може да игра многу конструктивна и позитивна улога, но не со бојкот на демократските институции.

-Јасно е дека, граѓаните сакаат да ја поврзат иднината на земјата со Европската Унија. Ние го признаваме овој факт и подготвени сме да продолжиме да ги поддржуваме парламентот и новоизбраната влада, вклучително и постојаните контакти со опозицијата, вели европратеникот Ќучук.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали