Водата во Струшкиот регион е безбедна за пиење

Од:

Зголемената матност на водата за пиење во Струшкиот регион не преставува опасност за здравјето на граѓаните, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.

Според Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија броматологија, анализите на водата во градскиот водовод и во селските водоводи од почетокот на годинава покажале дека постои поголема матност на водата за пиење, заради што била алармирана и Агенцијата за храна.

– Матноста може да доаѓа и од самото количеството на вода кое е поголемо и кое навлегло во резеровоарите од каде што се обезбедуваме со вода за пиење. Но сите други индикатори, микробиолошки и хемиски покажаа дека водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење. Матноста е физички параметар и ни претставува како индикатор за да пристапиме кон подлабоки испитувања, кои покажаа дека нема опасност од загадување на водата за пиење, објаснува Точков.

Од Регионалниот центар за јавно здравје апелираат до стопанисувачите со селските водоводи во Струшкиот крај, редовно да користат хлор или други средства за дезинфекција за да не дојде до загадување.

– Нередовното користење средства за дезинфекција на водата е акутен проблем којшто постои со години наназад, не само во Струшкиот, туку и во Охридскиот и Дебарскиот крај, додава Точков.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ