Владата ѝ одговори на Антикорупциска: пратениците назначени за министри ќе земаат само една плата

Од:

Премиерот Спасовски и министрите кои беа избрани за пратеници ќе ја земаат единствено платата за нивниот ангажман во Владата, соопштија денес од „Илинденска“, одговарајќи на забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати.

„Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието,“ се вели во владиното соопштение.

„Владата на Република Северна Македонија, како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи,“ додаваат од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски