Јавното претпријатие „Биљанини извори“ најави мирен протест

Од:

Новиот в.д директор на Јавното претпријатие Биљанини извори во Охрид, кое стопанисува со спортскиите терени и Спортската сала во Охрид утре од страна на вработените ќе биде дочекан со мирен протест пред седиштето на претпријатието.

Педесеттината вработени си ги бараат четирити заостанати плати и неисплатените придонеси за здраствено и пензиско осигурување.

Дел од вработените кои инсистираат на анонимност, за А1он  велат дека утрешниот протест ќе биде во форма на предупредувачки. Доколку не се исполнат нивните барања протестот  ќе премине во штрајк. Велат дека иако им било ветено дека пред првомајските празници ќе добијат барем по една плата до тоа не дошло и затоа се одлучиле на овој чекор. Очекуваат да им бидат исплатени неисплатените плати за месеците јануари, февруари, март и април.

„Во текот на утрешниот ден ќе биде формиран штрајкувачки одбор и ќе се организира предупредувачки протест со одредени барања односно исплата на преостанатите 4 заостанати плати.Во рок од 15 дена и штрајкувачкиот одбор мора да изнајдат начин за решавање на проблемите“ рече за А1 Зоран Стевоски претседател на Синдикатот во ЈП Биљанини извори.

Не се исклучува можноста утре да се одржат само разговори па во зависност од исходот да се одлучи како ќе се делува понатаму.Неофицијално долгот на Биљанини извори се проценува на околу 10 милиони денари.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник