Демант од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери

Од:

Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија преку писмено соопштение ги демантира наодите изнесени во текстот „Обезбедувањето на Талат Џафери залегнато во тревникот пред Собрание“, во кој велат „се изнесуваат неточни и непроверени информации“.

„Должни сме да укажеме дека вашето тврдење дека обезбедувањето на претседателот Џафери се однесува неодговорно, непрофесионално и спротивно на утврдените протоколи е неточно, бидејќи лицата што може да се видат во вашиот видеозапис не се дел од обезбедувањето на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Во интерес на вистината и точното информирање на јавноста, ваквите тврдења пред да се објават, треба да се проверат.

Во согласност со член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Кабинетот на преседателот на Собранието на Република Северна Македонија бара јавно извинување за објавениот текст во ист формат како што е објавен текстот на порталот „А1он“,се вели во деманотот од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on