Дачиќ: Приоритет на Србија е членство во ЕУ

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека политички приоритет на Србија е членство во ЕУ, дека на тој пат очекуваат силна поддршка од владата и народот и укажа дека се исполнети критериуми за процес на стабилизација и услови за добивање датум за започнување на преговорите.

Потсетувајќи дека Србија на 1-ви март минатата година доби статус на кандидат за членство во ЕУ, Дачиќ наведе дека работат на исполнување на сите критериуми за следната фаза.

Според неговите зборови, новата влада во краток временски интервал покажа посветеност во развивање и унапредување на односите со ЕУ, како главен партнер и воедно демонстрираше конструктивен пристап кон исполнување на критериумите.

Дачиќ укажа дека во спроведувањето на внатрешните реформи може да се констатира видлив напредок, што е потврдено и во последниот извештај на Европската комисија.

Кога станува збор за Косово, дијалогот помеѓу Белград и Приштина по изборите во Србија е постигнат на високо политичко ниво, со посредување на Кетрин Ештон, истакна српскиот премиер.

-Србија е подготвена со БиХ, Хрватска и останатите соседи да ги решава сите отворени прашања во европски дух и преку договор-порача тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени