Трипл-дабл на Дончиќ во триумфот на Далас над Клиперс

Од:

Екипата на Далас го совлада Лос Анџелес клиперс со 135:133 по продолжение (24:34, 34:32, 35:19, 28:36, 14:12) и го изедначи резултатот на 2-2 во серијата прв до четири победи.

Најзаслужен за триумфот на Далас во четвртиот меч од 1. коло од плеј-офот во НБА лигата беше Лука Дончиќ кој имаше трипл-дабл со 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции.

Следниот натпревар ќе се игра на 26 август.

Во второто коло веќе се пласираа Бостон и Торонто по „метлата“ против Филаделфија, односно Бруклин.

На чекор до конференциско полуфинале е и Јута по победата ноќеска над Денвер.

Резултати:
Филаделфија – Бостон 106:110 (0-4 во победи)
Далас – ЛА клиперс 135:133 (2-2)
Бруклин – Торонто 122:150 (0-4)
Јута – Денвер 129:127 (3-1).

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он