Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија (ОДРАЗ) и граѓанската иницијатива АМАН , покренаа петиција за укинување на обврската на граѓаните да плаќаат 33% поголеми сметки за струја на име „додадена моќ на потрошената електрична енергија“.
Петицијата, со подршка од граѓаните треба да се најде во рацете на Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, премиерот Никола Груевски и до Владата на Република Македонија.
Еве што стои во петицијата:
Господа,
Граѓаните на Република Макеодонија веќе неможат да ги премолчат кражбите што им ги прави приватната компанија ЕВН, компанија која за 33% не краде на секоја сметка.
Овој народ веќе неможе да ги поднесе преголемите додадени давачки во сметките за електрична енергија.
Зошто да плаќаме нешто што не го трошиме? Зошто дозволувате некој да ги краде граѓаните?
Вие сте на власт со позајмен глас од Нас граѓаните, а не сте родени на таа функција.Ние сме имале доверба и сме ви го позајмиле Нашето право на глас и затоа од Вас бараме да ја укинете ставката за додадена електрична моќ од 33%.
Дали знаете дека во Република Македонија према вашата статистика живеат:
700.000 сиромашни граѓани
250.000 невработени граѓани
46.700 приматели на социјална помош
29.700 приматели на технолошки, стечаен и друг додадок од Заводот за вработување
Како можат овие граѓани да ги подмират своите сметки?
Под итно бараме:
-Укинување на ставката додадена електрична моќ од 33 %
-Враќање на евтината тарифа на електричната енергија
-Проценка на пренасочувачите т.е. трансформаторите кај секој потрошувач и исплата за нивно користење затоа што тие се градени со наши пари
-Доделување на акции за секој граѓанин за нашите далноводи и целокупниот преносен електричен систем во Република Македонија, затоа што сето тоа е градено со наши пари.
Вие треба да бидете наши заштитници а не наши уништувачи, затоа Ве замолуваме да ги прифатите нашите барања за доброто на граѓаните на Република Македонија.
ОДРАЗ -Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија
АМАН – граѓанска иницијатива
контакт [email protected] 048 400-090 071 432-343 www.odraz.mk