Судот во Мексико го осуди на 50 години затвор Хаун Карлос Морено, нарачателот на убиството на новинарката Мирослава Бриџ, која пишуваше за трговијата со дрога, за насилството и за корупцијата во земјата.
Бриџ беше 11. новинарка., која беше ликвидирана во 2017 година во Мексико.
Речиси 90 отсто од нападите врз новинарите во Мексико не се решени, а според Репортери без граници само во текот на годината убиени се пет новинари, со што земјата е меѓу „најсмртоноснте во светот за медиумските работници“.
– Блиските врски помеѓу државни претставниции организираниот криминал претставува сериозна закана по новинарите и го урива правосудството на сите ниво, се наведува во соопштението на Репорери без граници.
Убиецот на новинарката Бриџ остави порака – „Затоа што беше прегласна“.
Според локалните медиуми нарачателот Морено беше член на картелот Синаое, а непосредниот извршител пооп ликвидацијата на Бриџ, подоцна беше пронајден убиен.