СДСМ: Граѓаните добиваат нова влада посветена на економски раст и развој

Од:

„Новата Влада предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев, составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри, во наредниот полн, четиригодишен мандат, посветено ќе работи на реализација на зацртаните програми, а пред се на економскиот раст и развој.

На прво место на агендата на новата влада е новата развојна македонска економија, која ќе обезбеди јакнење на стандардот на сите граѓаните“, велат од СДСМ.

„Во наредните четири години ќе продолжи растот на платите, вложувањата во нови работни места, континуираната поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции.

Новата Влада продолжува со вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој, посветена на грижа за сите граѓани, а особено на најсиромашните.

Членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија носат стабилност и поттик за интензивен економски раст на државата.

За две и пол години покажавме дека можеме да ја излечеме економијата од минус 1,8 отсто и да обезбедиме раст од 3,6 отсто, со значително покачување на минималната, просечната плата, пензиите и социјалната помош, а истовремено ја намаливме невработеноста.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски