Кривични за двајца жители на Дебар за физички напад врз полициски службеници

Од:

Двајца жители на Дебар, татко и син, заработија кривични пријави за физички напад врз полициски службеници.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) од Дебар, како и против Е.Ј.(18) од Дебар, за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни равботи од Охрид.

Додаде дека тој на 5 август во 17:15 часот, на главната улица во градот „Братство Единство“ Е.Ј. откако бил сопрен со мопед, одбил да ги даде личните и возачките документи на полициските службеници.

-Наспроти тоа започнал вербална расправија со полициски службеници кои вршеле контрола во сообраќајот. По кусо време, во вербалната расправија се вклучил и У.Ј. кој агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички ги нападнал,посочи Димоски.

Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина,кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка