Москва е загрижена заради знаци кои укажуваат на подготовка на светското јавно мислење за евентуална воена операција во Сирија, изјави Александар Лукашевич, портпарол на руското МНР.
– Во изминатите неколку дена брзо се заостри ситуацијата во Сирија и околу неа. Арапски и меѓународни медиуми коментираа најмногуза употребата на хемиско оружје во конфликтот меѓу владините сили и бунтовниците од опозицијата, изјави тој.
– Сериозна загриженост будат признаците дека се подготвува светското јавно мислење за воена акција за внатрешниот конфликт во Сирија, истакна Лукашевич. Во тој контекст, Москва укажува на „истрагата од Дел Понте и ОН со која се наведува на можна употреба на хемиско оружје од страна на опозицијата, а не од владините сили“, додаде тој.