Протест во Тетово поради поскапената струја, блокиран автопатот кон Скопје

Од:

Со блокада на автопатот Тетово – Скопје, која траеше околу 30 минути, помина денешниот трет протест на група граѓани од Тетово и околината во знак на револт поради зголемената цена на електричната енергија.

Организацискиот одбор на социјалните мрежи за денеска во 16.30 часот го најави собирот пред Монополот во Тетово. Таму насобраните луѓе стоеја сè до 16.50, по што дел од нив како група почнаа да се движат, а некои заминаа со возила.

Потоа беше блокиран автопатот пред т.н. Требошки надвозник. Бидејќи блокадата на автопатот не беше најавена, полициски службеници побараа од организаторите да го ослободат автопатот.

–Регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис-групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно, четврто барање, е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставниците на одборот за барањата.

Протестот траеше до 17.30 часот, до кога и сообраќајот на автопатот беше во прекин. Полицијата ги пренасочуваше возилата по регионалниот пат Тетово – Скопје. Од 17.45 учесниците се заминати од блокадата, а сообраќајот нормално се одвива.

На 14 август, во Тетово беше организиран граѓански марш од три локации до градскиот плоштад. Една недела претходно, се протестираше на плоштадот. Ноќта на 14 август во Тетово беа запалени и две возила на ЕВН.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Поскапуваат горивата

А1он

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски