Отворена „Порта Вевчани“

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски синоќа присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на „Порта Вевчани“ во струшкото село Вевчани.

Објектот се издигнува во месноста викана Суво Поле на влезот од селото. Започна да се гради во текот на март годинава, со донација од стопанственикот Ѓоргија Угриноски и неговото семејство, а целта е да се зголеми туристичката понуда на Вевчани.

Според најавите, ќе бидат изградени и пешачки патеки кои од овој објект ќе водат кон центарот на селото.

На празникот Цветници, во близина на манастирот „Свети Спас“ на околу 1.300 метри надморска височина беше поставен и камен-темелник на Вевчанскиот крст којшто ќе се гради со донација од директорот на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и поранешен пратеник Цветко Грозданов.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска