Претседателот на Украина, Виктор Јанукович ја одби молбата на црквата по повод Велигден да ја амнестира поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Помилувањето на Тимошенко би претставувало израз за добри дела, истакнаа големодостојници во дописот до Јануковиќ.
Молбата ја напишале најголемите претставници на две од трите православни цркви, без онаа која што е во единство со Москва, како и гркокатолиците, католиците, баптистите и пентекосталците.
Сличен апел црквите до претседателот упатија и минатата година за Велигден, но тој и тогаш ги одби.
Европскиот суд за човекови права кон крајот на април соопшти дека затворањето на поранешната премиерка е политички мотивирано и претставува кршење на правата.
Тимошенко се жалеше и за физичко малтретирање, но тоа обвинение Европскиот суд за човекови права не го подржа.
Поранешната премиерка е обвинета на седум години затвор во октомври 2011 година, поради злоупотреба на положбата и надминување на овластувањата на премиер, кога склучи договор за испорака на гас, со Русија.
Таа беше претседателка на владата на Украина од 2007 до 2010 година.
Елена Георгиевска