Леброн со анти-рекорд

Од:

Лос Анџелес Лејкерс победи убедливо над Портланд Трејблејзерс со 111: 88 во плеј-оф натпревар во НБА, а ѕвездата на тимот Леброн Џејмс заврши со само 10 поени, што е најлош резултат во плеј-оф-натпревар во неговата кариера.

Досега Леброн ги загуби сите 6 натпревари во кои имаше забележано помалку од 15 поени по регуларната сезона. 35-годишниот Џејмс во просек имаше 25,0 поени, 10,6 асистенции и 7,9 скокови пред крајот на сезоната поради пандемијата на коронавирус.

Тој се смета за еден од главните кандидати за титулата најкорисен играч заедно со Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс. Лејкерс ја освоија Западната конференција во НБА лигата за прв пат од 2010 година.

Во Орландо, Џејмс ќе се обиде да ја освои четвртата шампионска титула во својата кариера. Тој трипати триумфираше во НБА лигата со Мајами Хит и еднаш со Кливленд Кавалирс.

Резултатот во дуелот Лејкерс – Блејзерс е израмнет 1-1.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он