ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Џафери за собраниски спикер

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за прв човек во Парламентот.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на предлогот на ДУИ, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер.

Мицевски рече дека во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.

„Ова владејачко мнозинство нема да го поддржи предлогот Талат Џафери, по се она што се случуваше во изминатите 3 години. Во изминатот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони , беа донесени 300 по скратена постапка. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне“, рече Мицевски.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова пак истакна дека изборот на собранискиот претседател не треба да биде политчки пазар помеѓу владината колација кој треба да биде главниот чувар на Деловникот и процедурите.

„Јас сум една од оние што се борам за лимитирање на мандатите. Политиката не треба да биде функција туку занимање. Џефери е на функции веќе 19 години и мисалм дека тоа е предлого и затоа сум за лимитирање на мандатите. Се констатираше 117 седница имаше кворум и можеше на истата седница да се реализираат сите точки. Но, таа беше прекината затоа што немавте поддршка од 61 глас.

Претседатлот мора да биде човек на Парламентот, а не човек на Владата“, заклучи Силјановска Давкова.

И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно, а Џафери доаѓа како поддршка од таму.

Би можело да ве интересира

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда