Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието

Од:

Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Талат Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието.

Бројот на потписите за предлогот на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со 61 глас.

На седницата и претходеше координација на пратеничките групи со Џафери за текот на пленарката, а координации имаа и пратеничките групи. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше своја координација на која присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

На почетокот на седницата Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање