Телевизија „Вијести“: Во Косово уапсен Насер Келеменди

Од:

Црногорската телевизија „Вијести“ јави денеска дека Насер Келеменди, балкански нарко-бос е уапсен во Косово. Апсењето било извршено доцна синоќа, се додава во извештајот на медиумот.

Врз основа на барање на Обвинителството на Босна и Херцеговина, лани во септември е распишана меѓународна потерница за Келеменди и повеќе други осомничени заради тешки дела на организиран криминал во БиХ.

Насер Келеменди е означен како лидер на една од најсилните криминални групи на Балканот, а во јуни лани е ставен и на црната листа на САД. Американскиот претседател во специјален извештај на Белата куќа го означи како главен дилер на дрога на Балканот.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски