Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е многу тажна работа.
– Тоа е многу тажна работа за господинот Бенон. Изненадувачки е, истакна Трамп, при тоа додавајќи оти од почетокот не му се допаѓал проектот „Градиме ѕид“.
Покрај Бенон, приведени се уште три лица поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид“, со која требаше да се соберат пари за изградба на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.