Атина: Цела полициска станица, сосе приведените, во карантин поради заразен албански државјанин

Од:

Во 14-дневен карантин се шест полицајци и сите упасени лица кои биле во притвор во атинската полициска станица „Омонија“, откако еден уапсен Албанец кој требало да биде депортиран од Грција, било потврдено дека е позитивен на коронавирусот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, уапсениот утрово имал покачена температура, бил пренесен во болница и тестиран за Ковид-19, а по позитивниот резултат во карантин се сите шест полицајци кои биле во контакт со него, како и останатите уапсени во полициската станица.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната