ВИДЕО: Духовит црногорски спот за коронавирусот ги „освои“ социјалните мрежи

Од:

Промотивен видеоспот во Црна Гора, снимен под покровителство на Светската здравствена организација и во кој се укажува на важноста на почитувањето на превентивните мерки во борбата против коронавирусот, стана хит на социјалните мрежи. Во видеото се гледа црногорско семејство додека руча на маса пред куќата, додека баба, која носи визир, плете покрај нив.

Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче на девојката, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, правилно ја носи маската, ги мие и ги дезинфицира рацете“.

Потоа, ќерката му покажува на својот татко слика на еден млад човек со маска и тој коментира: „Убав е, но не дозволувај да ти се приближи поблиску од два метра“.

На крајот на рекламата е прикажана романтична вечер во автомобилот, а кога момчето ќе ја тргне маската и ќе се приближи кон девоката, таа го прска со средство за дезинфекција, по што се открива дека зад маската воопшто не е девојка, туку нејзиниот маскиран татко.

Промотивното видео се појави на „Јутјуб“, а се наведува дека е снимено под покровителство на Светската здравствена организација.

Видеото има речиси 400.000 прегледи за само три дена, а брзо почна да се шири на социјалните мрежи, со поволни коментари од корисниците.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски