Бан: Максимум воздржаност и смиреност да покажат Израел и Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска апелираше на воздржаност по израелските воздушни напади во Сирија за да се избегне ескалација на судирите.

– Генералниот секретар ги повика сите страни да покажат максимум воздржаност и смиреност, и да дејствуваат одговорно за да се спречи ескалација на конфликтот кој е веќе многу опасен и разорен, изјави Мартин Несирки, портпарол на Бан.

Израел претходно соопшти дека го затвора воздушниот простор на север за цивилен воздушен сообраќај по воздушните удари врз Сирија.

Сириската Влада соопшти дека израелските напади врз сириска територија се „флагрантно кршење на меѓународното право“, предупредувајќи дека тие ширум отвораат врата за „сите можности“.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег