Литванскиот премиер Сквернелис ја прими Тихaновскаја

Од:

Литванскиот премиер Саулиус Сквернелис денеска во Вилнус ја прими Светлана Тихановскаја, која на неодамнешните спорни претседателски избори во Белорусија заврши втора, зад актуелниот претседател Александар Лукашенко, и ја увери дека неговата земја ќе ги поддржи барањата за нови избори во Белорусија.

Во објавата на Фејсбук по средбата со Тихановскаја, Сквернелис напиша дека „ја уверил дека литванската Влада, заедно со партнерите од Полска, Летонија и Естонија, направиле и прават се што е можно да се остварат аспирациите за одржување слободни и фер избори во Белорусија“.

Пред десетина дена, еден ден по претседателските избори во Белорусија, Тихаановскаја, која белоруската опозиција ја смета за избран претседател се додека не се одржат нови избори, пребега во Литванија, каде што, според сегашните регулативи, требаше две недели да биде ставена во карантин поради пандемијата на коронавирус.

Тасс, повикувајќи се на прес-службата на претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, вчера јави дека Тихановскаја била негативна за тестот за коронавирус, што, како што истакна Науседа, значи дека може, без ограничувања, да учествува во општествениот живот како лидер на нејзиниот народ.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите