Во кругот на кичевската болница, каде што веќе е одредена локација, наскоро ќе бидат поставени монтажни објекти за згрижување и третман на инфицирани со КОВИД-19 во оваа општина, најави д-р Станко Трпески, директор на Општата болница во Кичево.
– Во соработка со Министерството за здравство, во кругот на кичевската болница наскоро ќе бидат поставени монтажни објекти за третман на дел од болните од КОВИД-19 од нашата општина. На овој начин ќе им помогнеме на нашите сограѓани кои се инфицирани да бидат згрижени во својот град и да бидат под постојан болнички надзор од овдешните лекари, рече д-р Трпески.
Додаде дека локацијата е одредена и очекува наскоро да се реализира во координација со Кризниот штаб на Кичево на чие чело е градоначалникот Фатмир Дехари.