Работник загина во несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола

Од:

Во несреќен случај во рудникот Суводол во РЕК Битола, синоќа при работа со градежна машина, животот го загуби 60-годишниот работник В.К., информираат од РЕК Битола.

– Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, стои во соопштението од РЕК Битола.

Од РЕК Битола, посочуваат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко