Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека издал наредна Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск, што избувнаа по претседателските избори одржани на 9 август.
Според белоруската новинска агенција БЕЛТА, Лукашенко истакнал дека групата медиумски работници кои се придружија на протестите не треба да им се дозволи да се вратат на работа.
Исто така, Лукашенко наредил зајакнување на безбедноста на границата со цел да се спречи влез на „борци и оружје“ во земјата.
Белорускиот претседател, кој е на чело на земјата од 1994 година, се соочува со сериозни предизвици откако избувнаа големи протести по претседателските избори, на кои тој освои убедлива победа. Опозицијата не ги признава резултатите и тврди дека изборите се лажирани, а Европската унија најави дека нема да ја признае победата на Лукашенко, откако белоруската полиција одговори со насилство на протестите, на кои едно лице загина, а илјадници беа повредени или уапсени.