Вечното дерби во македонската кошарка меѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кое се играше во рамките на 9. коло од Суперлигата во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје беше прекинато на шест и пол минути до крајот поради фрлање пиротехнички средства на теренот од страна на навивачите на МЗТ.
Резултатот пред прекинот беше 84:68 за „аеродромци“.
МЗТ Скопје Аеродром кој ја имаше улогата на домаќин на оваа средба се соочува со ригорозни санкции поради овој инцидент.
ВИДЕОТО од вчерашниот инцидент можете да го погледнете ОВДЕ!