Министерот за економија се сретна со струшкиот градоначалник

Од:

Наместо заедничка средба со градоначалниците на Охрид и Струга, Бакрачески и Села, министерот за економија Сарачини се сретна само со струшкиот градоначалник.

Средбата со Бакрачески е одложена поради велигденските празници за наредниот период. Министерот за eкономија, Ваљон Сарачини на средбата со струшките угостителски работнции и хотелиери и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, им ги презентираше владините мерки и програми за развој и промоција на туризмот.

Беше разговарано и за реализација на одредени заеднички проекти кои би биле во насока на развој на туризмот и привлекување повеќе туристи. Сарачини ги запознал соговорниците со владината мерка за субвенционирање на тур-операторите кои добиваат субвенции во вредност од 20 до 65 евра за секој турист кој ќе го донесат од странство.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга