„Врба“ на филмски фестивали во Валенсија, Сараево и Пекинг

Од:

„Врба“ на режисерот Милчо Манчевски е избран во главната селекција за награди на филмскиот фестивал во Валенсија (Mostra de Valencia), еден од најголемите во Шпанија, кој ќе се одржува од 22 октомври до 1 ноември.

Како што соопшти „Банана филм“, селекторите на фестивалот во официјалната покана, меѓи другото, наведуваат дека се „одушевени од автентичниот и деликатен режисерски пристап и начинот на кој се раскажани приказните на трите хeрoини кои се соочуваат со различни аспекти на мајчинството, начинот како авторот ги трасира животните патишта на ликовите, притоа раскажувајќи ја непретенциозно приказната…“

„Врба“ се прикажува и на 26. Сараевски филмски фестивал, еден од најголемите во Југоисточна Европа, кој трае до 21 август. и годинава поради пандемијата се одржува онлајн. На крајот од месецов, „Врба“ ќе има и кинеска премиера, во престижната конкуренција за награди на Филмскиот фестивал во Пекинг.

Светската премиера на филмот беше во октомври минатата гидина на Римскиот филмски фестивал, каде што доби исклучително позитивни критики. Беше и дел од официјалните програми на фестивалите во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Софија.., Ја освои и наградата за најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“ на 40. Филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ