Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на сите православни верници им го честита големиот празник Христовото воскресение – Велигден.
– Христос Воскресе-Навистина Воскресе. За многу години да ни е Велигден. На сите христијани кои денес го слават овој голем празник им посакувам се најубаво, многу здравје, радост и среќа во животот. Да има многу добрини и убавини, изјави Иванов, кој присуствуваше на Светата Златоустова литургија во соборниот храм „Св.Климент Охридски“.
Како што сме сложни и обединети овие денови, потенцира Иванов, така да бидеме и во државата, сите што живееме, за просперитет и успех на сите нас.
– Да им се посветиме на нашите семејства, особено на нашите деца. Да им даруваме многу љубов, радост и да им даваме многу надеж. Кога сме обединети можеме да ги совладаме сите предизвици со кои се соочуваме за добро на сите нас што живееме во Република Македонија, рече Иванов.