(ВИДЕО) Жерновски: Почнаа понудите од „градежната мафија“

Од:

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека воопшто не го интересираат понудите на оние што градат коишто веќе стигаат до него за да замолчи или да не гледа што се случува.

„Јас не сум избран, а добив сериозна поддршка од жителите на Центар, за да ја поддржувам градежната, урбана мафија, туку реков и сега ќе потенцирам дека урбаната мафија ќе мора да си најде друга општина, нема што да бара во Општина Центар“, вели Жерновски.

Посочува дека релевантна ревизорска куќа ќе ги испита моментите околу „Скопје 2014“конечно да се дознае колку е потрошено на овој проект.

Тодоровиќ, вели потврди дека општина Центар има право да спречи она што е останато од Скопје 2014 односно има ингеренции.

„Не сум наивен, знам дека не случајно се оставени спомениците на хероите или оние кои се важни за албанската заедница, меѓутоа нема да наседнам на таква провокација, сосем е јасно зошто тоа е направено. Онаму каде што има ингеренции Општина Центар, таму нема да дозволам самоволие на централната власт и тоа не важи само за Скопје 2014. Општина Центар нема да биде подрачна единица или филијала на централната власт и не на оваа власт, туку на која било власт, така што за Скопје 2014 се замрзнати сите активности, што ќе се одвива и како понатаму ќе видиме, меѓутоа не мислам се разбира и понатаму да го продолжам овој проект на Владата“, одговара Жерновски.

Тезата дека Андреј ќе руши, вели е политичка теза на власта која што ја форсира се разбира во медиумот кој што е апсолутно провладин, под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, така што воопшто не мислам да одговорам на тие провокации или на тезата дека јас сакам да спречам изградба и развој на општината.

Жерновски оценува дека локалните беа апсолутно недемократски избори, а Центар можеби беше врв со оние вметнати гласачи.

Вели дека имало и грешки на опозицијата, треба да се извлечат поуки, но на избори организирани на овој начин повеќе не смее да се помисли доколку не се прочисти избирачкиот список. Прашува зошто би оделе на избори ако повторно се носат автобуси од Пустец?

„Во ниту еден момент, не се налутив, ниту мојата критика беше упатена кон оние коишто беа донесени од Пустец. Напротив, знам дека за да ве натераат или поточно кажано да се натерате да изминете толкав пат за 50 евра, треба да имате голема мака. Оваа држава треба на тие наши граѓани, на Македонците, да им пристапи сосема поинаку, не да ги злоупотребува, не да ги користи за изборен фалсификат, туку напротив, треба да им пристапи сосема поинаку.

– Јас сум лут на власта што ги злоупотреби овие граѓани. Имам намера да отидам во Пустец, да поразговарам со тие луѓе и максимална помош да им дадам колку што може, ако треба и Општина Центар, во насока на тоа да се почувствуваат дека имаат заштита од сопствената држава, а не да бидат изманипулирани од својата сопствена држава“, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски во интервју за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска