По 6 комотни години, политичка истрага за Владата и Груевски

Од:

По 6 години работа без контрола, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде пред политичка истрага.

Опозицијата ќе иницира 7 надзорни расправи до крајот на годинава. Според Законот ниту Груевски, ниту Мијалков, ниту министрите нема да можат да побегнат од соочување со тоа колку пари должи Владата на фирмите, колку и како се трошат пари за „Скопје 2014“, на кој начин се злоупотребува социјалната помош за партиско изборни цели, какви мерки се преземени во случајот Љубе Бошкоски. Првата надзорна расправа ќе биде во јули месец за злоупотребите во доделувањето на земјоделските субвенции.

„Главниот мајстор и идеолог, главниот ѕидар и џамџија Никола Груевски, калфите, Елизабета Канческа Милевска и Владимир Тодоровиќ и учениците-знајни и незнајни уметници како Валентина Стефановска ќе мора да кажат каде се парите за културно политичкиот и економски земјотрес Скопје 2014“, рече претседателот на Комисијата за култура Гордан Георгиев.

„Република Македонија се претвора во полициска држава. Министерката Јанкуловска ќе мора да објасни кои мерки ги презела во случајот Бошкоски, а и тој ќе биде повикан да сведочи“, рече Тито Петковски, претседател на Комисијата за контрола на следење на комуникациите.

„На надзораната расправа ќе мора да дојде и по 6 години да го чуеме и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, и да каже како за само еден ден се потрошени 10 милиони евра“, вели Горан Минчев, претседател на Комисијата за контрола на работењето на УБК.

Според претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова, во моментов има 39.000 корисници на социјална помош, а пред две години 64 .000. Надлежните , рече, ќе треба да дадат отчет како се дели и злоупотребува социјалната помош за предизборни цели.

Конечно ќе се расчисти најголемата државна тајна, колку им држи владата на претпријатијата, вели Марјанчо Николов.А според Менде Диневски надлежните ќе треба да дадат отчет за тоа како здравството се доведе во волку катастрофална состојба.

На отчет како се злоупотребуваат земјоделските субвенции, ќе биде повикан и екс министерот за земјоделство Ацо Спасеновски.

„Јавна тајна е дека субвенции се делат на партиски блиски луѓе. Владата се фали дека 350 милиони евра дава за субвенции, а имаме се поголем увоз на храна, тоа значи дека парите не завршуваат кај земјоделците“, рече претседателот на Комисијата за земјоделство, Ленче Николовска.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада