Богов: Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“

Од:

Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.

Знаејќи ја ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, вели тој јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.

„Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум“, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.

„За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со „Еуростандард банка“ и да го намалат нивото на лошите кредити, истакнува Богов.

Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити.

„Низ годините, Народната банка ги презема сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките. Тоа е исклучиво во надлежност и е одговорност на акционерите и раководните структури во банките, вели Богов во врска со затворањето на „Еуростандард банка“.

Би можело да ве интересира

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка