(ВИДЕО) Арсовски: Омилената агенција за обезбедување на власта добива тендери со вртоглави суми

Од:

“Омилената агенција за обезбедување на власта со газда струмичанец покрај од универзалниот снабдувач со електрична енергија добива тендери со вртоглави суми и од други државни институции и општини каде што СДСМ и Заеви се на власт. Струмичките пипци стигаат и до СОЗР, со која на 03.10.2018 година склучиле договор за обезбедување од 3 милиони евра. Кој е втор поединечен најголем договор на оваа агенција после договорите со универзалниот снабдувач. И дали и СОЗР плаќа повеќе од вообичаено, исто како и универзалниот снабдувач кој од годинава плаќа двојно повеќе за обезбедување од лани, и доколку да, дали разликата во профитот завршува кај Заеви?“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„На ден 01.08.2019 година агенцијата за обезбедување од Струмица склучила договор за обезбедување со град Скопје во висина од над 200 илјади евра. Дали и општините Аеродром и Ѓорче Петров оделе по принципот да се избере омилената агенција за обезбедување на Заеви? Истите склучиле договори во вкупна вредност од 300 илјади евра. Истите општини се јавуваат како корисници на услугите на оваа агенција и во 2018 година, кога искеширале над 250 илјади евра. Трката за профит очигледно ги натерала функционерите од СДСМ и Заеви да одат и со абнормални решенија, помалку чудни, па така СЦ Борис Трајковски, кој патем има сопствена чуварска служба склучила договор за обезбедување на 10.07.2018 година во висина од 10 илјади евра. Неверојатно е зошто склучиле договор кога имаат сопствена чуварска служба. Голема сума на пари односно скоро 50 илјади евра плаќа и Агенцијата за Катастар и недвижности, кои договорот со оваа агенција го склучуваат на 12.12.2019 година. Како токму агенцијата за обезбедување од Струмица, покрај стотина други агенции низ државата се разработува кога станува збор за државни тендери и станува еден од најголемите добитници на државни тендери од областа за обезбедувањето и тоа  за само две години свртува над 21 милион евра, пари за коишто директно има сомнеж дека влијаеле за доделување директно семејството Заеви и СДСМ“, додаде тој.

„Дали покачената цена на струјата треба да биде дополнително зголемување на сумата која врвот на власта ќе ја има за делење на пари преку тендери од државата и универзалниот снабдувач? Ова се одговорите кои треба да ги дадат Заеви, СДСМ и агенцијата за обезбедување, и ова се одговорите кои што ги интересираат граѓаните. Впрочем додека ги чекаме одговорите, ги повикуваме институциите да отпочнат со работа и да не спијат повеќе, да ги расчистат сите сомнежи околу оваа агенција за обезбедување“, кажа Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ