ВМРО-ДПМНЕ: Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа

Од:

“Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата. Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка. Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му