Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги негираше извештаите дека избегал од земјата по масовните протести против неговото авторитарно владеење, јави локалната новинска агенција „Белта“.
„Прво на сите, би сакал да им кажам дека сè уште сум жив, и не сум во странство, спротивно на она што го велат нашите националисти. Денеска е 14 август и ние сме тука да разговараме за работата на градежната индустрија“, изјавил тој.
Лукашенко ги коментираше обидите за зголемени тензии меѓу работниците во државата и предупреди дека штрајковите ќе имаат уништувачки ефект врз локалните компании во иднина.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе разговараат за ситуацијата во Белорусија, а дел од нив повикуваат на санкции против режимот на Лукашенко.
Во исто време, главниот противник на белорускиот лидер на претседателските избори Светлана Тихановска повика на масовни, но мирни демонстрации во земјата во текот на викендот.