Прва шампионска титула за Вардар СЦБТ

Од:

Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ за првпат во својата историја ја освои титулата шампион на Македонија и со тоа ја прекина тригодишната доминација на Металург.

До трофејот во 21. првнество на Македонија, ракометарките на Вардар СЦБТ дојдоа по победата над Металург попладнево во вториот натпревар од финалето на плеј-офот одигран во салата во Автокоманда.

„Црвено-црните“ славеа со 21:18 и со 2-0 во победи заслужено се искачија на врвот на македонскиот женски ракомет.

Ина Суслина на голот на победничката екипа забележа 19 одбрани, а Марина Дмитровиќ постигна 8 голови и беше најефикасна на натпреварот.

Во домашниот тим Тања Андрејева забележа 14 одбрани, а Соња Башиќ постигна 6 погодоци.

Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ е третата екипа која ја освојува шампионската титула во женскиот ракомет во Македонија.

Претходните три сезони шампионки беа ракометарките на ЖРК Металург, а 17 титули освои екипата на Кометал Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ