Додека на улиците ширум Белорусија веќе четврти ден се случуваат демонстранциите против белорускиот претседател, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои може да се види како полицијата ги понижува демонстрантите.
На видеото се прикажани шестмина крвави демонстранти кои се наоѓаат во притвор, а таму полицајците ги малтретираат прашувајќи ги дали повторно ќе организираат револуција.
#Belarus: Young protestors captured and broadcasted on Belarusian TV and forced to declare they won't dissent against the government again. All show signs of injuries from police beatings. pic.twitter.com/NFILd9oUM7
— Anonymous (@YourAnonCentral) August 12, 2020
Демонстрантите, под присила на полицијата, истоштено одговорија: „Не, не, никогаш во животот“, а сето тоа беше пренесено во живо на државната телевизија на Белорусија.
Додека јавноста беше сведок на овој настан, во Минск и понатаму протестите против претседателот Александар Лукашенко се одржуваат.
When people stop fearing the police. Scenes from #Belarus yesterday. pic.twitter.com/dxyvsE3EQG
— Anonymous (@YourAnonCentral) August 12, 2020
Голем дел од граѓаните сметаат дека изборите биле нерегуларни, а резултатите фалсификувани.
На последните избори во Белорусија, актуелниот претседател освои 80,08 отсто од гласовите.