Владина мексиканска комисија соопшти дека 84 новинари биле убиени во Мексико од 2000. година досега, а други 20 се сметаат за исчезнати од 2005. година.
Националната комисија за човекови права посочи дека имало 39 напади врз новинарски редакции од 2005. година.
Само во 12 отсто од случаите има пресуда што значи дека 88 отсто се неказнети. Комисијата наведе дека обвиненија се подигнати во 15 други случаи, но тие или биле отфрлени или се уште тече процес. Најмногу напади имало во главниот град Мексико и државите Веракрус, Чиапас и Чивава.